Хотел Шумски Фенери

Еден од ретките best-buy хотели, каде добивате високо удобство од сите аспекти. Mал семеен хотел во подножјето на Националниот парк Пелистер.  17 удобнo уредени и ексклузивни соби, сателитска ТВ, мини бар, бања со фен, централно греење и клима-уред.

Атмосферата на семејството може да се почувствува во секој агол и се прави се што може за гостите да се среќни далеку од дома. Посебен допир од утро кога се служи домашен појадок, планински мед, домашен мармалад од шумски овошја и омлет, до вечерата кога ќе уживате на летна тераса и градина или до каминот во зима. Ресторанот нуди навистина топол и пријатен амбиент, извонредно гостопримство, одлична храна и избор на пијалоци, кои даваат задоволство што трае.

Хотел Молика

Капацитет од трета категорија (3 ***) , во целост амбиентално вклопен во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.  Хотелот се наоѓа на во непосредна близина на ски центарот Копанки, сместен на 1435m. Местополжбата и собите на хотелот овозможуваат импресивен поглед на Пелагонија, градот Битола и околината. Ресторан со прекрасна панорама и квалитетна храна.