Грешки на кои треба да внимаваат планинари почетници

Опрема и Совети

Паметните учат од туѓите грешки, останатите од своите. За оние кои ги започнуваат првите планинарски патувања, добро е бидат информирани за најчестите грешки што ги правеле многумина пред нив, за да не мораат самите да поминуваат низ истото .Во никој случај не се препорачува да одите на вашите први искачувања сами, без поискусен.

Несоодветна облека и обувки – како што досега научија многу странски туристи , не можете да одите на пешачење во папучи. И искусните планинари ќе ви кажат дека не е паметно да носите дури и неразгазени чевли за пешачење, бидејќи постои можност да ви направат плускавци. Облеката треба да се прилагоди на времето, на пример, мерино волнената облека е најдобра и се препорачува затоа што најлесно ја вади влагата од вашето тело , ве остава суви, а преку тоа и топли.

Носење на премногу работи во ранецот – ако ставите премногу непотребни работи по неколку часа ќе бидете изнемоштени од товарот. Понесете само она што навистина е потребно.

Храна и вода – зависно од времето и турата, треба да се снабдите со доволно храна и вода. Пешачењето троши енергија и особено течности, кои треба да се надоместат за да се избегне замор и дехидрација. Колку храна ќе понесете, зависи и од тоа дали имате и планинарски дом на патот. Дознајте дали има можност да се купи храна.

Заминување сам без друштво – во никој случај не се препорачува да одите сами на први планинарења, без некој поискусен. Без разлика колку кратко трае пешачењето, почетниците лесно се губат. Доволно е само да се изгуби концентрација на неколку минути и да се промаши една маркација. Тоа им се случува и на искусните. Покрај тоа, ако случајно се повредите, треба да имате некој со вас да ви помогне. Вистинските планинари следат некои правила и принципи, сите тие правил ќе ги научите во вистинско планинарско друштво.

Игнорирање на временската прогноза – Кога сте во природа, на отворено и без засолниште, временските непогоди добиваат поголема тежина отколку кога ги гледате од удобноста на вашиот дом. Добро информирајте се за временските прилики и подобро откажете го патувањето отколку, на пример, да бидете зафатени од невреме среде патека пример кон Титов Врв.

Преценување на сопствените способности – прашајте колку е тежок теренот по кој треба да пешачите, време потребно за искачување , проценете дали можете да го направите тоа. Подобро е да ви „фали“ некој километар отколку ден во природата да се претвори во тортура.

За еднодневно пешачење, раното поаѓање понекогаш е многу важно, особено за пократки денови, за да не ве стемни на патот назад. За секој случај, добро е да имате челна лампа. Избегнувајте ноќно движење на планина, лесно може да се изгубите и дезориентирате.

Претходен написи
Децата треба да бидат во природа 4-6 часа секој ден
Следен напис
Аларм од Италија месец дена 83 смртни случаи