Маврово

Идиличен и тивок ски центар за фамилијарно уживање

За ски центарот

Anhoch

Ски центарот датираат од 1964, основан од скијачки ентузијаст и планинар Заре Лазаервски, период кога се изградени првите стази, едносед и двосед жичарите. Сместен на планината Бистра на 1240м покрај брегот на Мавровско езеро, дел од Националниот парк “Маврово”. Располага со 25 км процесирани ски патеки.

Центарот е еден од најживописните ски центри во Македонија, располага со организирана инфраструктура бројни уредени спортски терени, патеки за пешачење и планински велосипедизам. Регионот располага со повеќе хотели од различни категории, бројни викендици и планински куќи низ мали населби с.Маврово, с.Леуново, Никифорово, Маврови Анови кои го опкружуваат Мавровско езеро, одалечен 100 км од главниот град Скопје. Ноќите може да ги поминете во неколкуте ресторани и клубови во близина на ски центарот и околните населби. Најактивно е преку ден и Après-ski периодот.

На територијата на паркот се лоцирани бројни големи планинини, Кораб (2764м), Бистра(2163 м), Стогово (2240м), Крчин (2.341 м) постојат идеални услови за фрирајд и турно скијање.

Ски зоната на центарот се протега од 1.240–1.878 m надморска висина, располага со десетина лифтови, две двосед жичници и еден едносед.

Што да очекувате

  • Патеки за сите нивоа — зелени, сини, црвени и црни
  • Ски-школи со сертифицирани инструктори
  • Изнајмување ски / сноуборд опрема и сервис
  • Ресторани, барови и après-ski зони на ски терените и во населбата

Како да стигнете

Од Скопје: ~1.5ч со автомобил преку Тетово / Гостивар (А4). Од Охрид: ~1ч преку Кичево. Зимското одржување на патот е вообичаено добро, но се препорачуваат зимски гуми и ланци при снежни врнежи.

  • Локација Ски центар Заре Лазаревски, 1256 Mavrovi Anovi, North Macedonia
  • Телефон +389 42 489 211

Прогноза / време

7 дена прогноза: Open-MeteoДетална прогноза
пет14°6°Претежно ведроВетар до 18 km/h
саб14°5°Претежно ведроВетар до 14 km/h
нед17°6°ОблачноВетар до 9 km/h
пон18°6°Делумно облачноВетар до 8 km/h
вто19°8°ОблачноВетар до 9 km/h
сре17°5°ДождВетар до 9 km/h
чет16°10°Провејувачки дождовиВетар до 14 km/h
Детална прогноза

7 дена прогноза: Open-Meteo

Мапа

360° / виртуелна тура

Сместување

Во Маврово има хотели, апартмани и викендички од 3* до 5*. За препорачани објекти со фотографии и контакт, погледнете ги картичките подолу.

Ресторани

Покрај лифтовите има ски-барови, ресторани и кафули. За конкретни локали со мени и резервации, видете Храна подолу.

Задолжително видете