Пониква

Пониква Викенд ресет, тивка и студена планина

За ски центарот

Anhoch

Пониква е мал рекреативен ски центар и викенд-населба, источна Македонија, Осоговските Планини, највисок врв Руен (2.252 м).

Се наоѓа на 1.560 метри, во предел со густа букова шума и богата вегетација. Пониква зазема важно место во развојот на туризмот на регионот, Осоговијата. Природните убавини, еколошки чисти амбиент и студена клима предуслови за големата посетеност на туристите.

Пониква поседува, мала рекреативна ски зона, две патеки, Стаза 1 и Стаза3 со два ски-лифта сместени на 1600 метри, систем за вештачки снег, водна акумулација и ноќно скијање.

Стаза 1 е зелена категорија погодна за учење и детско скијање. Стаза 3 долга 500 метри, црвена категорија. Во непосредна близина има ски рентал и инструктори.

Пониква поседува терени за спорт и рекреација, долги пешачки-планинарски патеки, хотели, апартмани и планински куќи за викенд бегство, неколку угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. Добра е за викенд дестинација , активни спортови, планинарство, велосипедизам, планинско трчање, добра точка за мото тура. Осоговските планини изобилваат со шумски патишта погодни за атв возења. Турното скијање е атрактивно околу околните висок врвови кои изобилуваат со длабок снег но рутите се прилично долги.

 

  • Локација Ponikva Ski Center, Osogovo Mountains, North Macedonia

Прогноза / време

7 дена прогноза: Open-Meteo
чет11°6°CloudyWind up to 18 km/h
пет11°8°Rain showersWind up to 22 km/h
саб9°2°ThunderstormWind up to 11 km/h
нед3°1°RainWind up to 7 km/h
пон4°2°RainWind up to 6 km/h
вто7°4°Rain showersWind up to 19 km/h
сре9°5°Rain showersWind up to 24 km/h

7 дена прогноза: Open-Meteo

Мапа

Сместување

Во Пониква има хотели, апартмани и викендички од 3* до 5*. За препорачани објекти со фотографии и контакт, погледнете ги картичките подолу.

Ресторани

Покрај лифтовите има ски-барови, ресторани и кафули. За конкретни локали со мени и резервации, погледнете ги картичките подолу.