За ски центарот
Ски центарот датираат од 1964, основан од скијачки ентузијаст и планинар Заре Лазаервски, период кога се изградени првите стази, едносед и двосед жичарите. Сместен на планината Бистра на 1240м покрај брегот на Мавровско езеро, дел од Националниот парк “Маврово”. Располага со 25 км процесирани ски патеки.
Центарот е еден од најживописните ски центри во Македонија, располага со организирана инфраструктура бројни уредени спортски терени, патеки за пешачење и планински велосипедизам. Регионот располага со повеќе хотели од различни категории, бројни викендици и планински куќи низ мали населби с.Маврово, с.Леуново, Никифорово, Маврови Анови кои го опкружуваат Мавровско езеро, одалечен 100 км од главниот град Скопје. Ноќите може да ги поминете во неколкуте ресторани и клубови во близина на ски центарот и околните населби. Најактивно е преку ден и Après-ski периодот.
На територијата на паркот се лоцирани бројни големи планинини, Кораб (2764м), Бистра(2163 м), Стогово (2240м), Крчин (2.341 м) постојат идеални услови за фрирајд и турно скијање.
Ски зоната на центарот се протега од 1.240–1.878 m надморска висина, располага со десетина лифтови, две двосед жичници и еден едносед.
Што да очекувате
- Патеки за сите нивоа — зелени, сини, црвени и црни
- Ски-школи со сертифицирани инструктори
- Изнајмување ски / сноуборд опрема и сервис
- Ресторани, барови и après-ski зони на ски терените и во населбата
Како да стигнете
Од Скопје: ~1.5ч со автомобил преку Тетово / Гостивар (А4). Од Охрид: ~1ч преку Кичево. Зимското одржување на патот е вообичаено добро, но се препорачуваат зимски гуми и ланци при снежни врнежи.
- Локација Ски центар Заре Лазаревски, 1256 Mavrovi Anovi, North Macedonia
- Телефон +389 42 489 211
Прогноза / време
7 дена прогноза: Open-Meteo
Мапа
360° / виртуелна тура
Сместување
Во Маврово има хотели, апартмани и викендички од 3* до 5*. За препорачани објекти со фотографии и контакт, погледнете ги картичките подолу.














