Нижеполе – Пелистер

За ски центарот

Ledlenser

Пелистер – Баба Планина вклучува две ски зони Копанки и Нижеполе во рамки на националниот парк Пелистер формиран 1948 година.

Нижеполе мала ски рекреативна зони, но интересен задари природни убавини. Располагаат со реновирани два ски лифт и две атрактивни рекреативни ски патеки погодни за обука, тренинг и фамилијарна забава. Зимската сезона трае од декември до крајот на март.

Нижеполе е лоциран на 1.370 метри, а највисока лифт точка излегува на 1.600 метри. Центарот располага со една кафитерија. Во близина на ски центарот е хотелот Молика  и хотел Шумски Фенери. Двата хотели поседуваат добри кафе барови и ресторани. Како и сите благодети на градот Битола.

Планината поседува поголем број врвови над 2.000 метри, меѓусебно раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2.601 м). Највпечатливи се т.н. камени реки, глацијалните езера Пелистерски Очи – Големото и Малото езеро и автохтон петтоиглест бор, молика, со терциерна старост, кој расте само на неколку планини на Балканот, на висина од 600 до 2.200 метри.

Планината привлекува многу туристи во текот на целата година, располага со маркирани патеки за планинарство, даунхил мтб, фрирајд скијање со ратраци, поволна за турно скијање.

Прогноза / време

Моментално: Open-Meteo7 дена прогноза: Open-Meteo
вто3°-4°Снежни зрнаВетар до 11 km/h
сре6°1°ДождВетар до 5 km/h
чет10°5°Силен дождВетар до 10 km/h
пет8°7°Умерен дождВетар до 6 km/h
саб7°5°Провејувачки дождовиВетар до 10 km/h
нед5°0°Снежни зрнаВетар до 14 km/h
пон0°-2°Снежни зрнаВетар до 9 km/h

Моментално: Open-Meteo

7 дена прогноза: Open-Meteo

Мапа

Задолжително видете