Опрема за планинарење

Планинарењето е активности со кој се занимаваме во текот на целата година и во различни временски услови. Со себе носи и одредени ризици и поради тоа важно е да се поседува и соодветна опрема. Опремата зависи од временските услови, висината, должината на престој во планина. Покрај стандардната опрема, потребна е и техничка опрема за искачување на заледени површини, карпи, експедициска опрема итн.

Планинарски чевли – зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чевли кои што планинарите ги бираат. За полесни искачувања на пониски планини главно се користат помеки и поудобни чевли популарно наречени трекинг, летни. Доколку е потребно да се движиме низ потешки временски услови, студено време, снег, карпест терен тогаш потребна е покрути чевли. Чевлите треба да се високи, за да се намали можноста за повреда на скочнииот зглоб, како и да обезбедат заштита од други надворешни влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам или слични материјали (специјална гума), која треба да обезбеди топлотна изолација и да ја намали можноста од лизгање.

Поткошули, маички, полари.  Треба да се практикува облекување во повеќе слоеви. Најпрвин се облекуваат материјали кои полесно ја пропуштаат влагат, а над нив материјали кои повеќе топлат. Мериното овде е водечки материјал без простор за споредба со останатите материјали памук или полиестер.


Чорапи потребно е да бида удобни, дебели, по можност волнени за да се намали влагата и  триењето на стапалото.
Пантолони треба да исполнат основни услови: да бидат топли, лесни, да бидат отпорни на ветер. Како и останатата опрема и тие треба да ја испуштаат влагата надвор.
Јакни – најчесто се од два па и три слоја, долниот полар или сличен материјал чија намена е да топли, а надворешниот дел треба да штити од надворешни влијанија, ветер, снег, дожд, најчесто горотекс (Gore-tex)
Ракавици – се користат тенки, дебели некогаш и два пара комбинирани.  На ниски температури се користат ракавици со два прсти со што се постигнува подобро загревање на прстите. Секогаш носете резервни ракавици и избегнувајте да допирате со ниво со цел да ги задржите суви.
Гамашни – го покриваат делот на ногата од зглобот до коленото. Служат како заштита од навлегување на снег во чевлите, штитат и од влажна трева, навлегување на треви и камчиња и нудат превентивна заштита од инсекти, змии.
Ранецот треба да одговара на потребите. За кратки еднодневни тури обично се користат ранци од 20 – 30 литри, а за повеќедневни од 45 до 70 литри. Планинарските ранци во поново време се произведуваат според сегментот, планинарење, планински велосипедизам, скијање, турно скијање итн. Треба да  поседуваат повеќе стегачи, џебови, на кои може да се закачат заштитна кацига, цепин и друга опрема.
Челна лед лампа се користи за ноќно кратко и долготрајно искачувања, 7-10 часа, користете квалитетни челни лампи заради издржливоста на ниски температури и влага.

Наочари за сонце се користат за заштита на очите од висока ув светлина и не само во сончеви денови туку и при облачно време кога сончевото зрачење може да биде повторно големо. Се користат обично категории со ув ниво 300 или 400 ознака. Наочарите за скијање како модел варијанта се користат при ветер и знежна вијулица.

Појас се користи пред се поради осигурување на движење во наврска (качување во група). На појасите можат да се прикачат, разни додатни алатки потребни за одреден терен.

Дерези се додаток кој се става на планинарската чевла за непречено движење по замрзнати површини. Има повеќе типови на дерези: со каишеви (за сите типови на планинарски чевли), полуавтоматски и автоматски.

Цепин е дел од стандардна високогорска опрема. Служи како поткрепа при качување на замрзнат снег, за поткопување во тврд снег, симнување по стрмни и заледени површини каде постои опасност за пролизгување.

Штеки за планинарење служат за поткрепа, намалување на оптеретувањето, притисокот на колената. Телескопските штеки се практични за транспорт.

Кампинг опрема

Шатори се делат на неколку категории во зависност од потребите, летни лесни и повеќе сезонски. и зимски, кои се потешки, имаат подобра изолација, и се дизајнирани за зимски услови.

Подлога-изомат за спиење служи како топлотна изолација. Може да биде од различни материјали, како и во форма на душек, надувување.

Астро фолија – за заштита од студ т.е за задржување на топлината околу себе

Вреќите за спиење во зависност од полнењето ги делиме на летни и зимски, синтетички и со пердуви.

Претходен написи
Lucas Braathen: Доста ми е! Се пензионираше уште не почнат
Следен напис
Гондолата на Водно со зимски возен ред