Генерално не постои некоја магична формула која ја одредува перфектната должина на скиите. Факторите како висината и тежината се одлична стартна точка но има и други нешта што може да се земат во предвид. Ски категоријата, типот на снег, теренот и личните преференци. Правило е да се одбере скија со висина која е меѓу вашата брада и врвот на главата. Доколку сте почетници се користат пократки скии т.е помали. Напредните скијачи и експертите можат да изберат и скии кои се малку и повисоки од нив. Зависно од стилот на скијање оние кои преферираат повеќе брзини со големи свиоци користат подолги скии, за кратки и брзи слаломски движења кратки скии, но пократките се понестабилни при спуст на големи брзини.
Доколку скијате повеќе процесирани патеки во рамките на ски центрите, ширината на скиите 80-90 мм, ако сте љубител на фрирајдот и скијате повеќе надвор од ски центар 90 – 115мм. За нашиот регион и снежни услови, идеалната широчина на скијата под ски чизма, односно везот се движи меѓу 95-105 мм.
Висина на скијач(cm) | Препорачана должина скии (cm) | Скии во продажба по должина (cm) |
132 | 115-130 | 130-139 |
137 | 125-140 | |
142 | 130-145 | 140-149 |
147 | 135-150 | |
152 | 135-155 | 150-159 |
158 | 145-165 | |
163 | 150-170 | 160-169 |
168 | 155-175 | |
173 | 160-180 | 170-179 |
178 | 165-185 | |
183 | 170-190 | 180-189 |
188 | 175-195 | |
193 | 180-200 |