Планинарските чевли основен дел од опремата

Кога пешачиме во природа една од основните работи се чевлите кои ги носиме на себе. Соодветните чевли придонесуваат за безбедно движење и комфор кој треба да обезбеди уживање при престој во планина.

Зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чевли. За кратки и лесни, летни искачувања обично се користат меки и удобни материјали. Доколку се движиме низ комплексни временски услови влага, снег, студ, карпест терен, тогаш потребни се покрути чевли со водонепропустлив материјал.

Чевлите треба да се високи со цел да се заштити ногата од повреда на зглобот, и од надворешни влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам гума, која обезбедува топлотна изолација и заштита од пролизгување.

Planika Jalovec планинарско-алпски модел наменет за долги тури, влажен терен, снег и лед

Во прилго ви претставуваме неколку модели од добро познатиот бренд на нашиот пазар, планинарските чевли Planika, со кои имаме лично позитивно искуство (Planika Mangart и Planika Jalovec) десетина години наназад, производ кој во својот сегмент е best buy.

Planika моделите кои ги издвоивме за презентација Мангарт и Јаловец, наменети за класични планинарски еднодневни или повеќедневни тури, захтевни алпинистичко-планинарски искачувања. Дизајнирани за удобност при долги пешачења, кои обезбедуваат соодветно совладување на комплексен терен и подлоги. Ги карактеризира исклучително квалитетни материјали, заштитна странична гума, лесни се, тежат околу 760-780 грама, а обезбедуваат топлина дури и на температури од -20°C, а дополнително на нив може да се прикачат и дерези за движење на заледен терен.

Опремени со air tex целосно водо-отпорен материјал, кој овозможува дишење на стапалото и намалување на потењето во внатрешноста, а отпорна на надворешни влијанија, вода и студ (потребно е да се користи спреј за импрегнација на кожа). Располагаат со vibram ѓон и подлога со зголемена отпорност на пролизгување,заштитна гума, добра топлинска изолација, Planika air system за вентилација преку јазикот на чевлите. Ги препорачуваме за сите високо-горски планинарски тури и сезони пролет-есен-зима. Зависно од вашите потреби и амбиент носете ги со еден пар анатомски спортски чорапи како би избегнале триење на стапалото особено кога се нови и неразгазени. Во зимски студени услови, задолжително со удобни термо чорапи. Доколку планирате подолг престој во текот на денот на снег и дожд, потребно е чевлите да се испрскаат со спреј за импрегнација на материјалот, кожата.

Можете да ги набавите во продавниците на Пеко низ Македонија, Planika има широка палета на планинарски чевли и патики. Контакт продавници

Planika Jalovec женски, планинарско-алпски модел наменет за влажен терен, снег и лед

 

Претходен написи
Комора за туризам: Агенциите ќе банкротираат владата да ги продолжи мерките за помош
Следен напис
Летни активности на ски клубовите
Мени