Назад кон вести

Повисик и пооткачен произовд како туриситчка атракција

Anhoch

Накратко американците стартуваат и го поседуваат највисокиот, најбрзиот најдолг roller dive coaster во светот, новата туристичка атракција што ќе им го форматира мозокот на посетителите.

Има забавни паркови каде човек оди за да се насмее, забавува во некоја добро позната форма на сите. Но светот создава туристички атракции заради кои луѓето патуваат само за да го искусат невозможното.

Таква атракција е екстремниот Tormenta Rampaging Run, roller coaster во Six Flags Over Texas, кој треба да биде отворен набрзо на 26 јуни 2026. Не станува збор за обичен, туку атракција што операторот ја најавува како највисокиот, најбрзиот, најдолгиот giga dive coaster во светот.

Но веста и поентата е друга. Што прави Македонија на ова поле? Што нудиме на полето на забавен туризам, или еден вид тизер информација по која ќе не има за нешто возбудливо во светото на медиумите и светската мапа на must see туризам? Колку реални инвестиции правиме и што сменивме изминативе децении?

Македонската политика има ниска свест за користа од туризмот во економијата, видно низ темите на разговор за туризмот во јавноста , медиумите, настаните поврзани со економски развој, туризмот и степено на акцентирање. Најчесто репетитивни теми за дискусија кои не само што се исцрпени туку предосадни, па јавноста, бизнисот и политиката повеќе не ги ни фаќа на радар.

 

Croatia Osiguranje