Водно Караџица

Шума и дивина за активен ден во Скопје

За ски центарот

Ledlenser

Водно е средно-висока планина во јужниот дел на Скопје. Преставува тренинг полигон за сите љубители на планинарството, велосипедизмот, трчањето, а во зимскиот период услови и за ски турно искачување. Изобилува со планинарски патеки, планински велосипедизам, трим патеки. Зона во која се реализираат бројни настани и натпревари во планинско трчање, велосипедизам. Заради гондолата, планината е атрактивна и за даунхил возења со планински велосипеди.

Највисоката точка на Водно е Крстовар, 1066 м, каде се наоѓа и Милениумскиот крст – најголем крст во светот и телекомуникациската кула со 360 панорамски ресторан. До врвот сообраќа кабинска гондола Doppelmayеr. Има неколку планинарски домови, ресторани и атрактивни туристички локалитети, од кои најпознати се Македонско село во Нерези и кањонот Матка.

Масивот Караџица е голема планина близу Скопје изобилува со долини, реки, големи врвови. Бројни врвови над 2000 метри се до највисоката точка Солунска Глава 2580 метри. Квалитетна планина за класично backcountry скијање со неколку супер линии и добра апрес ски варијанта во околни ресторани и туристички точки.

  • Локација Vodno Karadzica, Skopje Region, North Macedonia

Прогноза / време

7 дена прогноза: Open-Meteo
чет17°9°Провејувачки дождовиВетар до 9 km/h
пет13°5°Провејувачки дождовиВетар до 7 km/h
саб12°4°ОблачноВетар до 7 km/h
нед13°7°ОблачноВетар до 6 km/h
пон14°6°Делумно облачноВетар до 9 km/h
вто11°4°Делумно облачноВетар до 10 km/h
сре11°4°Претежно ведроВетар до 15 km/h

7 дена прогноза: Open-Meteo

Мапа

360° / виртуелна тура

Ресторани

Покрај лифтовите има ски-барови, ресторани и кафули. За конкретни локали со мени и резервации, погледнете ги картичките подолу.