
Идиличното швајцарско одморалиште Braunwald вели дека повеќе не е економски одржливо да нуди скијање
Резултатот е јасен „Business as usual“ повеќе не е можен, велат од центарот.
Зголемувањето на температурите и намалувањето на снежните врнежи, предизвикуваат хаос во скијачките центри на ниска надморска височина низ Алпите.
Braunwald, мала ски зона налик на Попова Шапка според швајцарските стандарди, деновиве објави дека неговите оператори на лифтови повеќе нема да нудат „традиционално скијање “во иднина. Ваквата одлука е дел од сеопфатно стратешко преструктуирање.
Одлуката доаѓа откако операторите на лифтови се состанаа и ја оценија неодржливоста на алпското скијање по години на предизвикувачки нивоа на снег и неконзистентна посетеност.
„Алпскиот туризам е под притисок“, пишува Braunwald. „Климатските промени и променливото однесување на потрошувачите се предизвик за целата индустрија. За Braunwald AG, ситуацијата е усложнета од структурно високата трошковна основа. Сегашниот бизнис модел повеќе не е одржлив.“
Не е јасно каква е иднината на Braunwald, но соопштението за медиумите од одморалиштето објаснува дека клучните засегнати страни се состануваат за да започнат „структуриран процес на планирање“.
Одморалиштето би можело да се потпре на летниот алпски туризам, планинарење, планински велосипедизам, но според соопштението за медиумите, не е постигната заедничка визија. „Предизвиците се премногу големи за да се решат изолирано. „Со заедничка работа, создаваме основа за понатамошен развој на Braunwald како целина“, вели Ричард Болт, претседател на Управниот одбор на Sportbahnen Braunwald AG.
Braunwald има основна надморска височина од 1.256 ми највисока ски точка на 1.901 м. За споредба, Verbier, најголемиот и многу атрактивен ски центар во Швајцарија, има основна надморска височина од 1.500 м и топ станица на 3.330 м. Попова Шапка, нуди скијање од 1600 до 2500 метри.
Висината прави голема разлика.

