Назад кон вести

НОВА ЕРА GoPro лансираше „MISSION 1“ со 8K и 1-инч сензор

Anhoch
НОВА ЕРА ЗА ВИДЕОГРАФИТЕ: GoPro ја лансираше револуционерната серија „MISSION 1“ со 8K резолуција и 1-инчен сензор
Погледнете го официјалното претставување на оваа моќна компактна кино-камера:

СВЕТСКИОТ ЛИДЕР во акциони камери, GoPro, направи огромен технолошки скок со лансирање на најнова и најмоќна серија досега – MISSION 1. Компанијата претстави целосно нова категорија на ултра-компактни професионални кино-камери наменети за филмаџии, креатори, ентузијасти кои не прифаќаат компромиси со квалитетот.
Клучни технички спецификации
    • Сензор: Револуционерен 1-инчен CMOS сензор со 50 мегапиксели.
    • Процесор: Најнов, супер-ефикасен GP3 чип со напредна термичка регулација.
    • Резолуција: 8K видео со „Open Gate“ формат (4:3) за максимална флексибилност при монтирање.
    • Ултра бавно движење: Неверојатни 960 кадри во секунда (fps) на 1080p резолуција.
    • Батерија: Нова Enduro 2 батерија која овозможува над 5 часа континуирано снимање. 

Три модели за сечии потреби
Новата серија пристигнува во три различни конфигурации за да одговори на специфичните барања на пазарот: 
  1. MISSION 1 ($599.99): Стандарден компактен модел кој поддржува 8K30 и 4K120 видео, идеален за напредни креатори.
  2. MISSION 1 PRO ($699.99): Флагшип модел кој ги отклучува максималните перформанси како 8K60, 4K240 видео и екстремен „Slo-Mo“ режимMISSION 1 PRO ILS ($699.99): Специјализирана верзија без фиксен објектив, која доаѓа со Micro Four Thirds (MFT) приклучок, овозможувајќи монтирање на професионални филмски објективи.  Драматично подобрување во ноќни услови
Најголемата критика низ годините – лошите снимки при слаба светлина целосно решена. Благодарение на 1-инч сензор и поголемите пиксели, MISSION 1 нуди динамичен опсег од дури 14 бленди (stops), испорачувајќи кристално чисти и детални кадри во темни шуми, пештери или при ноќно снимање. Камерите го задржуваат препознатливиот робусен дизајн, водоотпорни се до длабочина од 20 метри без дополно куќиште, а доаѓаат со нов магнетен систем за брзо монтирање.
Првите модели (MISSION 1 и MISSION 1 PRO) веќе достапни на официјалната страна на GoPro, додека револуционерниот ILS модел со заменливи објективи на пазарот во третиот квартал од годинава.
Anhoch