
Инфо
Тоше Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) за кратко време стана најпопуларен пејач во Македонија и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добра волја UNICEF. Трагично загина во сообрќајна незгода. Постхумно, беше прогласен за почестен граѓанин на Македонија. Крушево, неговото родно место, му се оддолжи со отворањето на спомен-куќата на 25 април 2011 година.
Обејктот е изграден од бетон и стакло во форма на крст на површина од 870 квадратни метри. Музејската поставка обезбедува хронолошки приказ од детството и тинејџерските години до периодот кога Тоше го достигна врвот во уметничката кариера, збогатена со 350 автентични експонати, сопственост на семејството Проески. Во централниот дел е поставен молитвеник, верски предмети на Тоше и неколку негови запишани размислувања за љубовта, семејството, пријателството. Дел од поставките се и две восочни фигури на Тоше во природна големина.

Контакт
-
Мапа
Други региони:

Црква „Св. Никола“ (потопена)
Маврово
Потопената црква — уникатна атракција видлива при понизок ниво на водата.
Повеќе
Кораб во доцна есен
Маврово
Големи снежни врвови, студена тишина, златна есен
Повеќе
Bigorski Monastery St John the Baptist
Маврово
мистична природа 1000 година враќање низ минатото
Повеќе
Ски Туринг Магаро
Галичица
скијање како од скандинавските фјордови
Повеќе

