Назад кон вести

Val Thorens за фрирајд Courchevel за чистење новчаник

Anhoch

Термини на поѓање:

Петок 1 јануари 2027 , враќање во Скопје 10 јануари

Петок 8 јануари 2027, враќање во Скопје 17 јануари

Val Thorens дестинација “Со еден удар четири центри, и тоа кој од кој”.

Една од највисоките ски населби во Европа, дел од Три Долини (Les Trois Vallées) + Orelle . Les Trois Vallées  ги покрива и елитното прибежиште луксузниот Courchevel и Méribel, кои заедно ја сочинуваат една од најголемите ски зони во светот со над 600 километри ски патеки (ќе се изгубите). Ски патеки кои се протегаат на висина од 1100 до 3250 метри.

Сместена во огромна природен цирк, создаден од 6 глечери, Val Thorens нуди голем број патеки во сите правци каде што ќе посакате да го бркате сонцето во текот на целиот ден. Val Thorens е познат по квалитетот на снегот и фрирајд скијањето. Центарот нуди секаков тип скијање, бордер крос, фрирајд , снежни парк зони, понуда која ги задоволува сите сетила. 90% од ски зоната се наоѓа над 2.000 метри, центарот нуди одлични услови да уживате во турбо брзина.

Сместувањето е во рамките на самата ски зона, лифтовите се пред врата. Населбата овозможува да уживате во исклучителни погледи, грандиозниот поглед на легендарниот Glacier de Péclet или Cîme Caron гондолата која носи на 3200 метри до “најубавиот поглед во Алпите”, според Зелениот водич на Мишелин: 360 ° панорамски поглед на повеќе од 100 алпски врвови (француски, швајцарски и италијански).

Повеќето патеки се свртени кон север и северозапад, обезбедувајќи добри услови на снегот. Падините не се толку сончеви, така што одморалиштето има тенденција да привлече поголема заинтересираност за скијање отколку “дремење на сонце”. Сепак, населбата е свртена на југ, па многу луѓе уживаат да седат надвор на сонце кога завршуваат со скијање.

Val Thorens е домаќин на бројни светски натпревари од висок ранг и е најпосетуваното меѓународно скијачко одморалиште во Франција. Над 70% од посетителите се странци, доминираат британските, скандинавските, белгиските, холандските и германските туристи и замислете пар автобуси Македонци.

Детали за турата: Апартманите и студијата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба.

Патувањето е со високо комфорен автобус директно од Скопје. Во цената е вклучено, 8 дена престој во Val Thorens, 6 дневен ски карта за патеките на Val Thorens/Orelle (150 км стази), се доплаќа 40 евра за full ski pass Les Trois Vallées во кои влегуваат сите центри вклучувајќи ги, Courchevel и Méribel. За време на целиот престој стоиме на располагање за асистенција со цел патувањето да бие поспокојно.

VAL THORENS 01. Januari 2027 симни целосен агенциски програм за турата

VAL THORENS 08. Januari 2027 симни целосен агенциски програм за турата

Ledlenser