Назад кон вести

Val d’Isere & Tignes глечерот Grand Motte

Anhoch

Термин на поаѓање: Петок, 22 јануари 2027 година, враќање кон Скопје 31 јануари.

Espace Killy – скијачки ресорти Val d’Isère и Tignes на Савојските Алпи еден од најатрактивните скијачки центри во Франција, Европа и светот. Тука ќе ги видите најмодерните шалети, скапи ресторани и хотели, продавници со најдобрите светски брендови и спортска опрема, рамо до рамо со луксузот во Courchevel. Најмодерните лифтови и гондоли, ресторани на 3000 метри со готвена храна и супер избор на колачи и кафе. Километарски долги патеки и скијање до 3450 метри. Неверојатно уживање!

300 км стази во зоната Val d’Isère и Tignes се само 12% од површината која ви е на распоалгање за скијање, тоа се многу територија фрирајд. Сместувањето е одма на ски патека, што би се рекло по папучи се качувате на жичара и веќе сте некаде по планината.

Покрај рестораните и барови , во близина на апартманите има и маркети каде во секое време можете да набавите свежа храна и пијалоци по пристапни цени.

Патеки за сите генерации и нивоа на скијачи како и додатни 44км за cross country скијање. Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови. XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м, 19м широк, 7 м висок.

Центарот располага со разни содржини (ски паркови, базени, спа, сауни, лизгалиште, санки со кучиња ) неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce. Услуги кои го прават центарот премиер место за зимски одмор и забава.

Val d’Iser, ултра модерно скијалиште, сместен на 1800 м. Шармантен амбиент, скапи хотели и ресторани, продавници со светски брендови,  најмодерната скијачка опрема. Прекрасен поглед кон глечерот Grand Motte. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и ноќни барови, клубови, кино, затворен базен и природно лизгалиште.

Tignes, сместен покрај заледено езеро на 2100 метри. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е заокружена со модерен  wellness  центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy. Делот Val Claret каде што е сместувањето е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote.  Секако не изостанува богата ноќна програма за сечиј вкус. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Val Claret.

TIGNES 22.01.2027 превземи целосен агенциски програм за турата

 

 

 

Anhoch