Назад кон вести

Скијање во пролет Les2Alpes март

Anhoch

Скијање март Les2Alpes Франција

Период на поаѓање: 5 март 2027, враќање пристигнување во Скопје 14 март

Скијате на кровот на Европа со загарантиран одличен снег. Les 2 Alpes втор најстар ски центар во Европа после Chamonix, со 200км ски патеки на еден од највисоките глечери Glacier de Mont-de-Lans на 3600 м, патеки на кои се скија и во лето. Гратче со околу 2000 жители, сместено на 1650 метри, бројни ресторани и барови за забава во текот на целиот ден. Поседува модерната гондола која за помалку од 20 минути, носи од центарот, директно до вечниот мраз на 3.200 метри.

Les 2 Alpes е познат и по тешката црна стаза (Grand Colouire), перфектно средените долги и широки стази за сите нивоа на скијачи, одлични за вежбање и усовршување на техники. Snowpark 3200. Нуди одлични услови за скијање freeride. Посебно теренот  La Grave,  наменет исклучиво за  нив. Oмилен меѓу младата популација заради бурен ноќен живот и добри apres-ski-party. Забавата почнува околу 15 часот во Pano Bar на скијалиштето, а од 17 часот се сели во самиот град, завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови (како на кого му држи).

Les 2 Alpes е грандизони пејсажи, комплетно алпско доживување кое остава без здив.

Ledlenser