Назад кон вести

Хиреархија на ски центри во Европа – каде сме ние?

Anhoch

Од регионалните ски центри само Bansko. Какви се вашите искуства, каде сте биле од овие водечки ски зони во Европа? Што мислите дека ги позиционира погоре на пирамидата? Имаме ли ние потенцијал за вакво нешто?

Македонија има квалитетни природни убавини и соодветна позиционираност на планинските региони за мали и квалитетни ски зони.Питоми долини со северна експозиција, околина богата со вода. Но, потребно е вложување во јавна инфраструктура, како и приватен сегмент. Денес водечките ски центри имаат слична одлика. Релативно мали скијачки села кои имаат постојано население, квалитетна развиена инфраструктура, пат, струја, вода, интернет. Беспрекорна општинска комунална активност, уреденост, мали маркети, ресторани, соодветна локална понуда на скијачки сервиси, рента, школи, планинарски водичи. 365 дена понуда на услуги и активности.

Ски центри од врвот на пирамидата ги карактеризира мир, уредност, висока класа на сервиси и персонал. Тивка околина и отменост. Хотели и ресторани со традиција. Населби без возила и загадување. Добра логистика, квалитетен јавен превоз, возови, електрични комбиња или автобуси.

Croatia Osiguranje