
Скијачите на Колашин ќе бидат особено задоволни кога ќе дознаат дека двата скијачки центри, Колашин 1600 и Колашин 1450, би можеле повторно да се поврзат оваа сезона. Ова би значело скијање низ 45 километри патеки. Заради оштетувања на еден од лифтовите кои ги поврзуваше двете ски зони, две години работеа одвоено.
Реконструкцијата на столбот 4 од ски-лифтот К7, кој беше поткопан во пролетта 2024 година ќе биде завршена до почетокот на сезоната, ветуваат изведувачите.

„Скијачките центри Колашин 1600 и Колашин 1450 ќе имаат унифицирана ски-карта. Преговорите се во тек и дозволете ми да кажам дека цената што ја предлагаат црногорските ски-центри е дека ски-картата за двата ски-центри, односно за околу 45 км патеки, ќе биде 40 евра. Ски-центарот Колашин 1600 ќе има ски-карта само за инфраструктурата што ја има, а цената ќе биде 30 евра“, вели Бојана Меденица, директорка на црногорските ски-центри.
Спојувањето на ски-центрите не значи дека Колашин, и покрај одличните патеки и инфраструктура, ќе биде конкурентен со ски-центрите во регионот. Причината е вештачкиот снег, кој нема да биде достапен на Бјеласица ниту оваа сезона.
А дали ќе има скијање на дури 45 км патеки оваа зима, сепак ќе зависи исклучиво од снежните врнежи.

