Назад кон вести

Како до безбедна посета на планините

Anhoch

За безбедна посета на планините во зимски услови бидете подготвени и одговорни

Колку што посетата на планините во зимскиот период може да донесе радости и убави моменти, толку може да биде и опасна. Во зимски услови бидете подготвени и одговорни, следете ги препораките на локалните специјализирани организации и  Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

  • Никогаш не движете сами низ планините
  • Подгответе се за ниски температури, кратки денови, мал број луѓе низ планините, опасности од лизгање
  • За зимски акции потребни се добри чевли, заштитна опрема од ветар и студ, соодветна мерино облека, заштита од сонце, резервна облека, и доволно топли течности и малку храна.
  • Почитувајте го правилото (кое не важи за акции со планинарски водичи): никогаш не одите по патеки и кон врвови кои не сте ги оделе во суви услови. Во текот на зимата околината е променета, патеките и маркациите се покриени со снег
  • Проверете ја временската прогноза каде што ќе движите
  • Известете ги своите блиски за рутата на вашата планинарска акција

Користењето дерези и цепин во зимски услови е задолжителна. Градските дерези наменети за движење по замрзнати тротоари не се соодветни за планинарски акции. На планинарските чизми треба да ставите дерези со 12 заби.

Нека не ве заведуваат убавите фотографии на социјалните мрежи и на интернет. Луѓето што ги поставиле можеби имаат повеќе искуство и кондиција од вас. Добро подгответе се за секоја акција и приберете што повеќе информации за планираната тура.

НАПОМЕНИ

  • Зачленете се во планинарско друштво, под водство на искусни планинарски водичи ќе се здобиете со основно знаење за безбедно движење.
  • Информирајте се за временските прилики на специјализирани канали
  • Информирајте се за состојбата на планинарската патека по која планирате да се движите во вашето планинарско друштво.

Сите посетители на планините да ги почитуваат правилата, движењето низ

планина со несоодветна облека и опрема во зимски услови е опасно по индивидуата, група , како и потенцијална опасност по спасувачки служби.

Toni Dimitrov

baner 2