Назад кон вести

Кога отвораат скијачките центри во регионот колку ќе чинат ски-картите?

Anhoch

Скијачката сезона 2027 низ најпопуларните зимски центри на Балканот е на прагот. Од Копаоник и Јахорина, па сè до бугарските бисери Банско и Боровец, подготовките се во завршна фаза.

Ski opening-от, низ годините еволуираше во богата забавна програма, но и значителни попусти на дневните и повеќедневните ски-карти.

Копаоник: Првиот ден скијањето е бесплатно

Копаоник, на Скијалишта Србије, традиционално меѓу првите ги отвора своите капацитети. Закажан за периодот од 3 до 6 декември 2026 година.

Добра вест е што цените на ски-картите остануваат на минатогодишното ниво. Во редовната сезона, дневната карта за возрасни ќе се движи од 48 до 55, во зависност од периодот на зимата. Сепак, на самиот ден на отворањето (3 декември), користењето на жичниците ќе биде целосно бесплатно, додека во наредните три дена ќе важи попуст од 30 отсто. Дополнително, од 1 декември преку веб-продавницата ќе биде активен и саемски попуст од 10 отсто.

Јахорина: Единствена цена за целата сезона

Олимписката Јахорина отвора на 6 декември 2026 година. Центарот годинава воведе единствена редовна цена на ски-билетите која ќе важи во текот на целата сезона, без промени во шпицот.

Дневната карта за возрасни ќе чини околу 50 евра, додека за децата цената е 42,50 евра. На денот на официјалното отворање посетителите ќе можат да купат ски карти со 20% попуст, а веднаш потоа, до 20 декември, ќе важи промотивен попуст од 15%.

Банско: Промотивни сезонски билети до 1 декември, официјално ја стартува зимската сезона на почетокот на декември (период на работа од 1 декември 2026 до 11 април 2027 година), при што точниот датум за пуштање на сите патеки ќе зависи од снежните врнежи и условите за вештачко заснежување.

До 1 декември во тек е претпродажбата на сезонските билети по промо цена од 870 евра, а официјалниот ценовник за дневните и повеќедневните карти ќе биде објавен непосредно пред почетокот на сезоната. Редовната дневна карта за возрасни се движи околу 59 евра.

Боровец: Старт на 19 декември со попусти во претпродажба

Најстариот бугарски планински ресорт, Боровец, официјално ќе ја отвори сезоната на 19 декември 2026 година, а скијањето ќе трае сè до 11 април следната година.

Според веќе објавениот ценовник за сезоната 2026/2027, редовната дневна ски-карта за возрасни 56,60 евра, додека шестдневниот билет чини 225,60 евра. За оние кои сакаат да заштедат, Боровец нуди 20 отсто попуст при онлајн купување на сезонски и флексибилни карти во претпродажба, која трае до 14 декември.

Скијалишта Црне Горе сè уште немаат објавено точен датум за отворање на сезоната 2026/2027 во Колашин, но најчесто започнува во средината на декември.
Главни новости и цени (според претходната сезона), жичницата К7 е санирана, па Колашин 1450 и 1600 повторно се споени (околу 45 км стази). Дневна ски карта 15 евра (Колашин 1450), 25 евра (Колашин 1600) или 30 евра за заедничка карта, официјалниот ценовник за 2026/27 сè уште не е објавен.

Иако датумите се веќе прецизирани, од сите скијачки центри потсетуваат дека почетокот на работата на жичниците директно зависи од временските прилики и температурата, која е клучна за функционирање на системите за вештачки снег.

baner 2