Назад кон вести

Проектот Славков продолжува- поставен фотоволтаичен систем на Големо Езеро !

Anhoch

Активностите поврзани со „Славков проект – Маркација на планински патеки во Северна Македонија“ продолжија и овој викенд. Повторно се работеше на Пелистер, каде беше поставен фотоволтаичен систем во планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“, покрај Големо Езеро.

Овој дел од проектот оди чекор понатаму од уредувањето и подобрувањето на планинарските патеки. Користењето на сончевата енергија ќе придонесе за поголема енергетска независност и ефикасност на планинарскиот дом, подобри услови за негово функционирање, како и попријатен и побезбеден престој за планинарите и посетителите.

Воедно, ова е уште еден конкретен пример како планинарската инфраструктура може да се развива на одржлив и еколошки одговорен начин, особено на места каде пристапот до електрична енергија и друга инфраструктура е ограничен.

Од безбедни и добро обележани патеки до поодржливи планинарски домови – „Славков проект“ продолжува да создава конкретни промени на терен.

Активностите на Пелистер се директно поддржани од Амбасадата на Република Словачка.

Мал чекор за еден планинарски дом, но важен чекор кон поодржлива иднина на нашите планини и развој на одржливиот планински туризам.

„Славков проект – Маркација на планински патеки во Северна Македонија“ се реализира со поддршка од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка во Северна Македонија.

Голема благодарност до Mountain Rescue и ПСК Пелистер Битола за логистичката поддршка и придонесот во реализацијата на активностите на терен.

Ledlenser