Како изгледа ранецот за македонските планини

Опрема и Совети

Планинарењето е спорт со кој се занимаваме во текот на целата година и во различни временски услови. Планинарењето со себе носи одредени ризици и поради тоа потребно е да се поседува и соодветна опрема. Опремата зависи од временските услови, висината, должината на престој во планина.

Во случајов, ранецот е дел од опремата на која, како и планинарските чевли не треба да се штедат пари. Ранецот е чувар на грбот и вашето здравје на долг рок, ако е квалитетен, обезбедува пријатно искачување и соодветен транспорт на работите кои ги носите со себе.

Во Македонија голем е процентот на планинарски искачувања кои се реализираат како еднодневни тури. Со развојот на технологиите, опремата и облеката се полесни и зафаќа помалку простор, така се профилираат и нови помали планинарски ранци , лесни и соодветни за брзо движење.

Наша препорака е ранец од 20 – 35 литри простор, можеби 30 литри е најидеален, собира се што ви треба дури и во зимски услови. Кога имате помал ранец станувате и попрактични во однос на изборот на разно разни глупости кои би ги ставиле во ранецот. Имајте во предвид дека не одите на фронт или на експедиција низ џунгла, посебно кога станува збор за организирана тура од еден ден на нашите планини.

Во летен период се што ви треба од облека е резервна мерино волнена или dryfit маичка, јакна која штити од ветар која би ви дала повеќе топлина ако затреба. Малку храна, течности, прва помош и останати ситни работи како челна ламба, наочари за сонце, крем за заштита на кожа.

Денес фирмите кои се специјализирани за спортска опрема, ранците ги специјализираат според потребите за планинарење, скијање, велосипедизам или планинско трчање.

Ранците за скијање и сноуборд, можеби се со најспезијализиран дизајн и содржат џебови од надворешна и внатрешна страна, неколку мембрани кои може да се отвараат од предниот и задниот дел, држачи и каиши за скии и сноуборд, посебни комори за турно кожите, посебни џебови за сонди, трекери и лопатка,  соодветно држење на цепин и кацига, џебови за складирање на течност за хидрирање, џебови за наочари, сензитивна електроника и итн.

Претходен написи
Екотерапија: Престој во природа на рецепт
Следен напис
Мерино волната водечки материјал за продолжена авантура