Назад кон вести

Avoriaz Portes du Soleil скијање од бајките низ Франција и Швајцарија

Anhoch

Термин на поаѓање: 15 јануари 2027 година, враќање кон Скопје 24 јануари.

Avoriaz, Morzine, Les Gets, Châtel, Champery, Morgins, Les Crosets …12 ски центри, една ски карта, 2 држави, Франција и Швајцарија. Повеќе од 600 км ски патеки во неколку долини.

Avoriaz (каде што е сместувањето) е шармантна надреална населба близу француско-швајцарската граница. Oсобено светски позната од Red Bull рекламите.

100% целосно наменета за пешаци, каде улиците се покриени со снег, а буквално од сите апартмани имате директен пристап до скијачките патеки. Низ населба се движите пеш, на скии или кочии со коњи.

Најснежен центар во Франција, според статистиките за снежни врнежи, Avoriaz го држи рекордот како најснежен центар, со сезонски просек од околу 7.5 до 8 метри снег, што му дава огромна предност пред пониските алпски центри.

Број 1 центар за семејства во Европа, повеќекратен освојувач на златни медали. На неодамнешните Junior Travel Awards, како и европската мрежа EDEN (European Destinations of Excellence), официјално прогласен за најдобар семеен ски-ризорт во Европа. Ова се должи на безбедноста (целосно забранети автомобили) и неговото познато „Детско село“ (Village des Enfants)

Дел од најголемата група ски центри здружени под едно, Portes du Soleil или “Порти на Сонцето”. На располагање се колосални димензии од 600км ски патеки меѓусебно поврзани со 200 ски лифтови низ 12 мали гратчиња, селца и ски зони во Франција и Швајцарија.

Местото располага со неколку добро снабдени маркети и поголем број на барови, ресторани и пицерии кои обично се полни за време и после скијање. Додека сте на ски терените на располагање ви стојат атрактивни панорамски барови со вкусна храна и пијалоци.

Portes du Soleil како што самите велат, поседува бесконечни powder резерви и честа можност за скијање на свеж снег со уникатни и возбудливи пејсажи и амбиент што би се рекло како од рекламите.

Целата област Portes du Soleil не само што има изобилство на снежни паркови, туку ги менаџира и едни од најдобрите паркови во Европа. Паркови кои нудат скијање за сите нивоа од целосни почетници во слободен стил до простор за тренинг на светската класа натпреварувачи. Пример во Les Crosets супер фан паркот, населба која е во комшии на Châtel ги поседува најголемите скокови со големина од 6 до 20 метри, a Avoriaz го има таканаречениот super-pipe една од најголемите halfpipe во Европа, која се одржува на дневно ниво.

Тука е и една од најстрмните патеки на светот, Swiss Wall на границата Швајцарија, Франција. Во првите стотина метри  се наоѓате во дел што предизвикува најголема вртоглавица, стрмнина скоро па 90% и џумки могули што допираат до висината на половината.

baner 2