Назад кон вести

Планинарските чевли – основен дел од опремата

Anhoch

Кога пешачиме основен дел од опремата се чевлите кои ги носиме на себе. Соодветни чевли придонесуваат за комфор и безбедно движење при престој во планина.

Зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чевли. За кратки и лесни, летни искачувања обично се користат меки и удобни материјали, трекинг кондури. Доколку се движиме низ комплексни временски услови влага, снег, студ, карпест терен, тогаш потребни се покрути чевли со водонепропустлив материјал.

Чевлите треба да се високи со цел да се заштити ногата од повреда на зглобот, и надворешни влијанија, инсекти, треви, камчиња. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам гума, која обезбедува топлотна изолација и заштита од пролизгување.

Како што се корисни за качување, така помагаат и при спуштање. Соодветни планинарски чевли ги редуцираат повредите на зглобот, прстите, стапалото и даваат сигурност во долги планинарски тури.

Пропратен елемент се мерино чорапи и суво стапало.

Рецепт за лесна повреда се лесни патики кои се наменети за трчање на асфалт, вежбање во сала.

Ledlenser